Османи: Коректен однос кон сите соседи

23.08.2017 12:24

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, појаснува дека не е потребно дополнително подгревање на ситуацијата...

Работиме на затворање на сите прашања со соседите, бидејќи ова е историски момент за евроатлантските интеграции на Македонија, вели вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи. Појаснува дека не е потребно дополнително подгревање на ситуацијата.

„Сѐ уште е нејасна ситуацијата во однос на причините. Да ги почекаме целосните информации, да не избрзуваме со заклучоци, декларации и изјави кои што можат дополнително да ги влошат односите. Ние ги охрабруваме изјавите од Србија за нормализирање на односите. Истите позитивни сигнали ги даваме од тука. Не сакаме дополнителни отворени прашања, сакаме да имаме коректен однос кон сите соседи, да ги затвориме прашањата. Сега не е време за отворање на нови теми“, изјави Османи.

Вицепремиерот за евроинтеграции нагласи дека ова прашање не треба да се става во дневно политички контекст, бидејќи не е прашање на препукување на власта и опозицијата, туку прашање на државна стратегија за решавање на отворените прашања со соседите.