На Инфективна нема хоспитализирани лица затруени во гостилницата „ДМ“

23.08.2017 12:33

Лекарска помош, вчера побарале пет лица со полесни симптоми на труење, кои биле амбулантски прегледани и пуштени дома, соопшти денеска Министерството за здравство.

Од Клиниката за инфективни болести информираат дека кај нив нема хоспитализирани лица од вчерашното труење со храна во гостилница „ДМ“ во Скопје.

Лекарска помош, вчера побарале пет лица со полесни симптоми на труење, кои биле амбулантски прегледани и пуштени дома, соопшти денеска Министерството за здравство.

Оттаму посочуваат дека дома се пуштени и четворица од хоспитализираните, кои пред неколку дена беа задржани на болничко лекување со симптоми на труење од сендвичарата „Седмица“ во Карпош.