ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните СДС ја паметат по уништувањето на македонската економија
Како што велат од опозициската партија, криминогеното раководство на СДС успеа да затвори над 684 фабрики и остави над 200-те илјади граѓани на работ на егзистенцијата.

Граѓаните единствено СДС ја паметат како партија по уништувањето на македонската економија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат од опозициската партија, криминогеното раководство на СДС успеа да затвори над 684 фабрики и остави над 200-те илјади граѓани на работ на егзистенцијата.
СДС нека ги засука ракавите и нека започне да ги исполнува дадените предизборни ветувања за просечната плата од 30 илјади денари, минимална плата од 16 илјади денари и 100 илјади денари плата за докторите.
Криминогеното раководство на СДС на 15-ти октомври ќе се соочи со политичка одговорност, стои во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.
