Тантуровски: Сме давале мислења и досега
Не е ново мислењето кое го доставивме до Собранието за јавниот обвинител Зврлевски, вели првиот антикорупционер Тантуровски. Појаснува дека го продолжиле она што Комисијата досега го има заземено како став, во однос на разрешување или наименување функционери во предизборен период.

Антикорупциска отвори предмет за поднесен приговор од Љупчо Георгиевски против Агенцијата за просторно планирање. Се однесува на разрешувањето од директорската функција на денот на распишувањето на изборите, 6-ти август. Атикорупционерите со став дека приговорот е основан и е во согласност со членови од Изборниот законик.
Антикорупциска ќе испрати барање до Агенцијата за просторно планирање да им достават документација за случајот. Агенцијата е должна да достави документи, но нема законски рок до кога треба да го стори тоа.
Првиот антикорупционер Тантуровски го повтори писмениот став пратен до Собранието што се однесува на разрешувањето на јавниот обвинител Зврлевски, потенцирајќи дека не е сега креирано таквото мислење.
Приговорот од Георгиевски е прв што стигнал до Комисијата, а се однесува на именување и разрешување во предизборен период.
Наташа Гркова- Петрушевска
