На Клиниката за гинекологија почина тројка новороденчиња

23.08.2017 14:40

Пациентката била хоспитализирана завчера со болки во абдоменот. Истиот ден била породена со царски рез со претходно прснат воденик и испадната папочна врвца, информираат од Клиниката.

На клиниката за гинекологија и акушерство почина тројка новороденчиња. Пациентката била хоспитализирана завчера со болки во абдоменот. Истиот ден била породена со царски рез со претходно прснат воденик и испадната папочна врвца, информираат од Клиниката.

Спроведена е и примарна реанимација и во инкубатор сите три биле транспортирани на Одделението за интензивна неонатална нега и терапија. За жал, веќе следниот ден е констатирана смрт на новороденчињата.

Министерството за здравство веднаш формирало комисија за стручен надзор која детално ќе го испита случајот, со цел да утврди дали во целокупниот третман на родилката и новороденчињата е постапено согласно протоколите и медицината базирана на докази.