Кривична пријава против 75- годишна жена за пожар во атарот на селото Волче
Изутрината на 16-ти месецов во нејзина нива на местото викано Ограда, жената запалила суви дрва со намера наведеното место да го исчисти од гранките, информираат од МВР.

Полицијата против 75-годишна жена од скопје, поднесе кривична пријава за пожарот во атарот на селото Волче, општина Македонски Брод. Изутрината на 16-ти месецов во нејзина нива на местото викано Ограда, жената запалила суви дрва со намера наведеното место да го исчисти од гранките, информираат од МВР.
Кога огнот почнал да гори, таа заминала дома. За кратко време настанал пожар кој брзо се проширил на голема површина и неможел да се контролира. Целосно изгореле една куќа и плевна, а делумно се опожарени кровните конструкции на уште една куќа и викендичка во атарот на Волче, стои во дописот од полицијата.
