Димитров и Дачиќ на средба во петок во Ниш

23.08.2017 16:48

Српското МНР информирало дека персоналот на амбасадата ќе пристигне утре...

Од Министерството за надворешни работи информираа дека телефонски разговор имало и помеѓу министрите Никола Димитров и Ивица Дачиќ. Српското МНР информирало дека персоналот на амбасадата ќе пристигне утре.

„Во отворен разговор во врска со неодамнешните случувања, министерот Дачиќ информираше дека персоналот на Амбасадата ќе пристигне назад во Скопје во текот на утрешниот ден“, сопшти МНР.

Двајцата министри ќе се сретнат овој петок во Ниш.