ВМРО-ДПМНЕ се надева дека македонската и српската влада ќе ги расчистат сите детали

23.08.2017 16:52

Според партијата, чекорите кои ги презема Република Србија, како и изјавите на српските политичари не кореспондираат со изјавите на македонските претставници, што укажува дека постојат детали за кои јавноста не е запознаена.

ВМРО-ДПМНЕ се надева дека македонската и српската влада ќе ги расчистат сите детали и ќе ја информираат јавноста. Според партијата, чекорите кои ги презема Република Србија, како и изјавите на српските политичари не кореспондираат со изјавите на македонските претставници, што укажува дека постојат детали за кои јавноста не е запознаена.

„Во врска со информацијата дека на 27-ми април некоја македонска институција му дала согласност на српскиот дипломатски претставник да влезе во парламентот за време на инцидентот, ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека сега е во опозиција, во текот на денот во рамките на своите можности вршеше проверки и утврди дека ниту МНР, ниту Владата, ниту Парламентот, ниту МВР или Агенцијата за разузнавање не добиле такво барање, ниту издале таква согласност и одобрение“- велат од партијата.

Ја повикаа новата влада да провери дали такво нешто имало и ако имало да го објави документот со кој некоја институција издала такво одобрение.