Во Скопје се враќа дел од персоналот на Српската амбасада
Aмбасадорката Душанка Дивјак- Томиќ доаѓа на 31-ви август, соопшти српското МНР. Се очекува наредниот ден да побара прием кај македонскиот премиер Зоран Заев. Во Белград, македонската амбасадорка Вера Јовановска- Типко, ќе ја прими претседателот Вучиќ.

Денеска се враќа дел од персоналот на Српската амбасада во Скопје, а амбасадорката Душанка Дивјак- Томиќ доаѓа на 31-ви август, соопшти српското МНР. Се очекува наредниот ден да побара прием кај македонскиот премиер Зоран Заев. Во Белград, македонската амбасадорка Вера Јовановска- Типко, ќе ја прими претседателот Вучиќ.
Во вчерашниот телефонски разговор, српскиот претседател Вучиќ и македонскиот премиер Заев се согласиле на дијалог за сите евентуални недоразбирања. Во заедничкото соопштение се вели дека двете соседни земји ќе ја интензивираат меѓусебната комуникација на највисоко ниво, ќе си дадат заемна поддршка на патот кон Европската унија и во зајакнувањето на добрососедските односи.
Брисел го поздрави разговорот меѓу Вучиќ и Заев. Од македонското МНР, пак, информираа дека телефонски разговор имало и меѓу министрите Никола Димитров и Ивица Дачиќ. Според најавите, утре ќе имаат средба во Ниш, каде што ќе разговараат за отворените прашања со цел унапредување на пријателските односи меѓу двете држави и двата народа.
