Спасовски во Будимпешта ќе договара соработка со унгарското МВР и ЦЕПОЛ
24.08.2017 11:11
Предвидено е македонската делегација да го посети и седиштето на Агенцијата на Европската унија за обуки за спроведување на законот.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски во Будимпешта ќе се сретне со унгарскиот министер за внатрешни работи Сандор Пинтер.
Предвидено е македонската делегација да го посети и седиштето на Агенцијата на Европската унија за обуки за спроведување на законот.
Се очекува да бидат потпишани меморандуми за соработка во областа на полициската обука со ЦЕПОЛ и со унгарското МВР.
