Анкета

Мигрантите се најдобредојдени на Исланд, а најмалку во Македонија

24.08.2017 11:44

Резултатите од анкетата спроведена од „Галуп“ покажуваат дека мигрантите се најмногу добредојдени на Исланд и во Нов Зеланд, а најмалку во Црна Гора, Унгарија и Србија и во Македонија...

Мигрантите се најмногу добредојдени на Исланд и во Нов Зеланд, а најмалку во Црна Гора, Унгарија и Србија и во Македонија, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од „Галуп“, која ја пренесува британскиот весник „Индепендент“.

Во написот се посочува дека повеќето земји, кои се меѓу десетте најлошо рангирани, се наоѓаат на „Балканската рута“ по која минуваа мигрантите на патот од Грција кон Германија.

На испитаниците им било поставено прашање- дали е добро или лошо мигранти да живеат во вашата земја, да бидат ваши соседи или да стапат во брак со некој ваш роднина.

54 насто одговориле дека е добро мигранти да живеат во нивната земја, а половината дека би било добро да им бидат соседи.

Исто така е утврдено дека помладите генерации повеќе ги прифаќаат мигрантите, како и жителите кои живеат во урбани средини.