АИ: Цивилите во Рака се наоѓаат во „смртоносен лавиринт“

24.08.2017 11:51

Меѓународната организација за правата на човекот ги повика Сириските демократски сили и американските вооружени сили двојно да ги зголемат напорите за заштита на цивилите, и да вршат воздушни напади само доколку биде неопходно.

„Амнести интернешенел“ тврди дека цивилите во сирискиот град Рака се заглавени во смртоносен лавиринт и се користат како жив штит во борбите за протерување на џихадистите.

Меѓународната организација за правата на човекот ги повика Сириските демократски сили и американските вооружени сили двојно да ги зголемат напорите за заштита на цивилите, и да вршат воздушни напади само доколку биде неопходно.

„Според проценките, за 3 до 4 месеци целосно ќе го ослободиме градот. Во однос на Стариот град на Рака, тврдам дека сме презеле над 60% од територијата.  Речиси целосно е ослободен“, изјави Габар Дерик, командант на Демократските сили.

Според Обединетите Нации, 25.000 луѓе останале во градот, а десетици илјади избегале од војната.