Назначувањето в.д. Јавен обвинител одложено за 29-ти август
24.08.2017 12:25
Претседателот на Советот, Аневски најавувајќи го продолжението за вторник, изјави дека на местото на Зврлевски ќе биде назначен некој од постојните јавни обвинители во државното обвинителство.

Советот на јавни обвинители и денеска не избра вршител на должноста Јавен обвинител поради немање кворум.
Претседателот на Советот, Аневски најавувајќи го продолжението за вторник, изјави дека на местото на Зврлевски ќе биде назначен некој од постојните јавни обвинители во државното обвинителство.
Огласот кој трае 15 дена, сѐ уште не е објавен во Службен весник, поради одморот на пратениците. Функцијата државен јавен обвинител привремено ја врши Лилјана Спасовска.
