Полска ќе одвои 55 милијарди долари за модернизирање на војската

24.08.2017 12:43

Од Министерството за одбрана велат дека одлуката е донесена поради зголемената активност на Русија којашто наредниот месец ќе почне воени вежби во Белорусија и во западниот дел.

За наредните 15 години, Полска ќе одвои дополнителни 55 милијарди долари за модернизирање на војската. Од Министерството за одбрана велат дека одлуката е донесена поради зголемената активност на Русија којашто наредниот месец ќе почне воени вежби во Белорусија и во западниот дел.

Неделава генералниот секретар Јенс Столтенберг ќе оди во посета на Полска за да го провери распоредувањето на американските трупи.

Полска стравува од руска агресија на источниот раб на НАТО и лобира за распоредување на војници од Алијансата, особено по анектирањето на Крим во 2014-та година.