Таравари на средба со директорката на Клиниката за гинекологија
Пациентката која била во прва бременост, била третирана со инсулин и имала подврзување на грлото на матката. Претходно трипати била хоспитализирана во Клиничка болница во Тетово поради гинеколошко крварење, бил информиран ресорниот министер.

Министерот за здравство Таравари на средба со директорката на Клиниката за гинекологија и акуштерство, за случајот со трите починати новороденчиња. Пациентката која била во прва бременост, била третирана со инсулин и имала подврзување на грлото на матката. Претходно трипати била хоспитализирана во Клиничка болница во Тетово поради гинеколошко крварење, бил информиран ресорниот министер.
Со оглед на дијагнозата, а во интерес на новороденичињата, како и здравјето на мајката, бременоста била завршена оперативно со царски рез. По породувањето, новороденчињата се прифатени од педијатар и акушерка во операциона сала, при што е спроведена е примарна реанимација и се ставени во инкубатор и транспортирани на Одделението за интензивна неонатална нега и терапија, велат од Гинекологија.
Ги демантираат претходно изнесените тврдења од некои медиуми дека смртта на новороденчињата е поврзана со недостиг од соодветна опрема, односно инкубатори на клиниката. Од таму одговорно тврдат дека со родителите е разговарано во неколку наврати и им била објаснета состојбата на новороденчињата, третманот како и можните шанси за преживување. Но, и покрај сите напори и дадената терапија, новороденчињата, за жал, починале следниот ден.
Министерот Таравари во текот на денот ќе оствари средба со родителите на починатите новороденчиња како и со целокупниот персонал кој бил задолжен за грижа и нега на новороденчињата.
Од ресорот здравство соопштуваат дека доколку во извештајот од комисиите се констатираат неправилности во третманот на новороденчињата, веднаш ќе бидат преземени соодветни, законски мерки.
