Метис во посета на Киев
Украина бара испорака на оружје и опрема од САД. Досега само Литванија им има доставена ваков вид помош за конфликтот во кој загинаа над 10.000 луѓе.

Американскиот министер за одбрана Џим Метис е во посета на Украина. Иако претседателот Доналд Трамп за време на изборната кампања во САД најавуваше приближување кон Москва, шефот на Пентагон ќе ја потврди подготвеноста на администрацијата од Вашингтон за соработка и зголемување на поддршката за силите на Киев коишто веќе три години се борат против проруските сепаратисти на истокот од земјата.
Украина бара испорака на оружје и опрема од САД. Досега само Литванија им има доставена ваков вид помош за конфликтот во кој загинаа над 10.000 луѓе.
Киев и западните земји ја обвинуваат Русија за финансиско и воено помагање на бутовниците. Со мировниот договор од Минск од пред две години се окончани сите борби, но не и судирите во граничниот регион.
