Финска: Граѓаните бараат построга мигрантска политика

25.08.2017 10:23

Премиерот го повика парламентот да го забрза донесувањето на законот за зголемување на контролата на интернетот, а даден е и предлог за отворање на Центар за враќање...

Граѓаните на Финска бараат заострување на политиката за мигранти откако марокански азилант со нож усмрти две жени, и повреди 8 лица. Покрај тоа, бараат и поголемо овластување на полицијата и другите служби со цел да се оневозможат нови инциденти.

Премиерот го повика парламентот да го забрза донесувањето на законот за зголемување на контролата на интернетот, а даден е и предлог за отворање на Центар за враќање во кој потемелно би се надгледувале имигрантите кои не добиле азил.