Столтенберг со осуда за Русија
На конференцијата за одбрана и мир во Италија, шефот на Алијансата го осуди и анектирањето на Крим.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја обвинува Русија за загрозување на стабилноста и безбедноста во Европа. На конференцијата за одбрана и мир во Италија, шефот на Алијансата го осуди и анектирањето на Крим.
„По периодот на Студената војна, ние соработувавме активно за да изградиме стратешо партнерство со Русија. Но агресивното однесување ја наруши стабилноста и безбедноста на регионот. Илегалното анектирање на Крим е прв случај по Втората светска војна во кој една европска земја со сила презема територија на другата земја“, изјави генералниот секретар на НАТО.
Во конфликтот во Украина загинаа околу 10.000 луѓе. Столтенберг нагласи дека последиците го менуваат во огромна мера безбедносниот контекст. Алијансата ќе испрати двајца набљудувачи на заедничката вежба на Русија и Белорусија „Запад 17“ во септември.
