„Викиликс“ со нова серија документи за ЦИА

25.08.2017 11:00

Програмата „Експрес лејн“ се користи со биометриски систем во Одделот на техничките служби на ЦИА за ажурирање на податоците. Како резултат на тоа, Агенцијата добивала пристап до базите на податоци на други служби без нивно знаење.

„Викиликс“ објави нова серија документи за кибернетичка шпионажа на ЦИА, со кои се опфатени неколку американски безбедносни служби, вклучувајќи ги и Министерството за внатрешна безбедност, Агенцијата за национална безбедност и Федералното истражно биро.

Програмата „Експрес лејн“ се користи со биометриски систем во Одделот на техничките служби на ЦИА за ажурирање на податоците. Како резултат на тоа, Агенцијата добивала пристап до базите на податоци на други служби без нивно знаење.

Последната серија е дел од „Волт 7“, едно од најголемите протекувања на доверливи информации на ЦИА.