Се крои Буџетот за 2018-та
Во однос на буџетскиот дефицит, министерот Тевдовски со став- „Намерата е државата да троши, за економијата да излезе од ниска економска активност“.

Се крои буџетската каса за наредната година. Се работи на прецизирање на макроекономските проекции. Според Министерството за финансии во 2018-тата се очекува повисок економски раст од годинава.
Во однос на буџетскиот дефицит, министерот Тевдовски со став- „Намерата е државата да троши, за економијата да излезе од ниска економска активност“.
Ќе се крати на непродуктивните трошоци, ќе им се даде шанса на продуктивните активности со мултипликативен ефект да ја движат економијата. Од финансии посочуваат- со зголемување на бруто- приходите од ДДВ во јули се подобрува и кондицијата на буџетот, се сервисираат и обврските кон граѓаните и фирмите.
