32 државни службеници во Генералниот секретаријат поднеле приговор до ДКСК
29.08.2017 13:02
Според нив, спротивно на Изборниот законик што забранува именување и разрешување пред и за време на избори, била поведена постапка за нивна смена.

Триесет и двајца државни службеници вработени во Генералниот секретаријат на Владата поднеле приговор до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Според нив, спротивно на Изборниот законик што забранува именување и разрешување пред и за време на избори, била поведена постапка за нивна смена.
На јавна седница Државната комисија за спречување корупција го разгледуваше и приговорот на поранешната директорка на Агенцијата за вработување- Скопје, Алексовска, која спротивно на законот е прераспределена за пет скалила подолу.
