ВМРО-ДПМНЕ: СДС и СЈО ги заплашуваат судиите

29.08.2017 13:06

Сега СЈО доби нова улога како да му помогне на исплашениот Заев. Треба да се вмешаат во претстојните локални избори. Тоа го прават на два начина- велат од опозициската партија...

Заев и СДС ги заплашуваат судиите, велат во ВМРО-ДПМНЕ. Со одземањето на пасоши, само на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО наметнува селективен политички прогон како во времето на комунизмот, тврдат во партијата.

„Сега СЈО доби нова улога како да му помогне на исплашениот Заев. Треба да се вмешаат во претстојните локални избори. Тоа го прават на два начина. Преку поведување постапка против двајца членови на ДИК треба да испратат порака и да ги заплашат и останатите. Преку обвинение против пет судии за донесена пресуда, треба да ги изолираат нив, но и да ги заплашат останатите судии од Управниот суд дека Катица Јанева и Заев се семоќни. Во оваа игра се вклучи и судскиот совет кој потклекна на притисоците и без никаков аргумент им го одзеде имунитетот на судиите само затоа што суделе по закон и според сопственото судско убедување“, изјави Крсте Јовановски.

Од партијата велат дека однесувањето на обвинителите во СЈО е незаконско и со секојдневното нивно постапување прават кривични дела.