Намален бројот на живородени деца
29.08.2017 13:34
Бројот на живородените во второто тримесечје е 5.205...

Во второто тромесечие од годинава имало 7,2 насто помалку живородени деца во земјава во споредба со истиот период лани. Бројот на живородените во второто тримесечје е 5.205.
Според Државниот завод за статистика, намалување е забележано и кај бројот на починатите лица и тоа за 6,1 насто. Природниот прираст е 661 лице.
Нема нови детали за смртта на трите бебиња на гинекологија. Се чекаат резултатите на комисиите. Се чека и на обдукцијата за откривање на причината за смртта на двегодишното девојче од Охрид.
