Продолжен рокот за легализација на дивоградби
Нови рокови, како нова можност за легализација на дивоградбите. Било утврдено дека во најголем број случаи граѓаните не успеале да го остварат своето право, поради обемна и сложена административна постапка. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, информира дека досега во Катастарот се запишани 186 илјади легализирани дивоградби...

За една година се продолжува рокот за легализација на дивоградбите. Од први јануари граѓаните кои досега не поднеле барање ќе можат да ја отпочнат постапката, за оние што биле во процедура или одбиени нови шест месеци да ги обезбедат потребните документи и да ја стартуваат процедура. Условите за легалаизација остануваат исти, објектите мора да бидат изградени до 3-ти март 2011-тата, вели министерот Сугарески.
„Од податоците со кои располагаат Министерството за транспорт и врски и единиците на локалната самоуправа, констатирано е дека во најголем број случаи заради обемна и сложена административна постапка граѓаните не успеале во предвидениот рок да го остварат своето право. Министерството за транспорт и врски по извршената теренска анализа и непосреден контакт со засегнатите странки утврди дека во Република Македонија досега процентот на легализирани дивоградби е на ниво околу 40 отсто или околу 186.000 објекти кои се легализирани и запшани во Катастарот“, вели министерот за транспорт и врски Сугарески.
Владата ги усвои законските корекции, зелено светло треба да добијат од народните избраници. Ги повика локалните власти да ги стават во функција расположливите капацитети и да ги известат граѓаните што треба да поднесат нови барања за легализација на дивоградбите.
Речиси половина милион бесправно изградените објекти треба да се легализираат во рок од 10 години, постапките треба да завршат до 2021- ва.
Сузана Фиданска- Стоевска
