Ќе се модернизираат инспекциските служби
Проектот на УСАИД и Министерството за информатичко општество има за цел да се утврди точниот број на инспекторите и дали има преклопување на надлежностите.

Ќе се модернизираат инспекциските служби со цел тие да станат поефикасни. Проектот на УСАИД и Министерството за информатичко оптество има за цел да се утврди точниот број на инспекторите и дали има преклопување на надлежностите.
Се работи за неколку проблеми. Едното е преклопување на надлежностите и кога веќе имаме толкав голем број инспекторати тогаш навистина сите треба да знаат што прават и да бидат координирани од едно место. И пред се, никој не треба да ја сваќа работата на инспекциските служби како средство за полнење на Буџетот. Мислам дека тоа беше голем дел од проблемот во минатото, кога фалеа пари во Буџетот се пуштаа инспекциски служби за тој да се полни. Инспекциските служби треба да се сватат само во контекст на подобрување на работата на институциите со цел граѓаните да имаат подбри услуги, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
Според ресорното министерство, тие треба да бидат инструмент за подобро работење на приватниот сектор, а не за полнење на буџетот.
