СДСМ бара поддршка за законските измени

30.08.2017 13:30

Сите граѓани кои претходно не успеале да поднесат Барање за легализација, сега тоа свое право да можат да го остварат во дополнителен рок, сметано од 1 јануари до 31 декември 2018 година...

Со продолжувањето на рокот за легализација на дивоградбите до крајот на идната година им се излегува пресрет на илјадници граѓани кои не можеа навреме да аплицираат – оценка на владејачката СДСМ. Побараа поддршка од пратеничките групи за законските измени.

Сите граѓани кои претходно не успеале да поднесат Барање за легализација, сега тоа свое право да можат да го остварат во дополнителен рок, сметано од 1 јануари до 31 декември 2018 година. Дополнително, ќе следуваат и нови 6 месеци, сметано од 01 јануари до 30 јуни 2018 година за сите граѓани кои за претходните Барања не ја обезбедиле неопходната документација, да стекнат право во овој дополнителен рок да поднесат нови Барања за легализација со комплетна документација- изјави Благој Бочварски, потпретседател на СДСМ.

Од партијата велат- и понатаму остануваат истите потребни документи за аплицирање, а услов за легализација е објектот да бил изграден заклучно со 3 март 2011 година.