ВМРО-ДПМНЕ го обвини Таравари за руинирање на здравствениот систем

30.08.2017 13:47

Осум детски животи згаснаа поради неспособноста и хаосот кој го направи СДС и Таравари. Здравството е во хаос. За ваквата состојба по клиниките виновиците се познати: Таравари, Заев и нивните партиски полтрони, изјави Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвини министерот Таравари за руинирање на здравствениот систем. Според партијата, тој се обидува да ги прикрие причините за загубените човечки животи во болниците низ земјава.

Јавно прашуваме, дали има регистрирано случај во кој што бебенце починало при транспорт од Охрид кон Скопје? Дали е точно дека после неуспешниот обид да биде реанимирано, бебенцето починало во Кичевската болница? Ова е најтрагичната недела во историјата на македонското здравство. Осум детски животи згаснаа поради неспособноста и хаосот кој го направи СДС и Таравари. Здравството е во хаос. За ваквата состојба по клиниките виновиците се познати: Таравари, Заев и нивните партиски полтрони, изјави Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Партиските послушници, додаде таа, го руинираа здравствениот систем.