Модернизација на инспекциските служби за поголема ефикасност
Ќе се модернизираат инспекциските служби со цел тие да станат поефикасни. Проектот на УСАИД и Министерството за информатичко оптество има за цел да се утврди точниот број на инспекторите и дали има преклопување на надлежностите. Според ресорното министерство, тие треба да бидат инструмент за подобро работење на приватниот сектор, а не за полнење на буџетот.

Ќе се модернизираат инспекциските служби за да станат поефикасни. Преку анализа ќе се утрдуваат надлежности и дали има нивно преклопување. Според ресорниот министер Манчевски, инспекциите треба да служат за подобро работење на компаниите и подобар сервис кон граѓаните, а не за полнење на буџетската каса.
Според претставникот на УСАИД за Македонија, подобрувањето на инспекциските служби на македонскиот пазар ќе придонесе за унапредување на деловното опкружување и на економијата.
Aнализата за состојбата во инспекциските служби преку тригодишниот проект треба да ја подобри нивната ефикасност, да ги надгради капацитетите и знаењата на инспекторите.
Дијана Ценевска
