Судски совет ќе бара мислење од надлежните за разрешувањата
Судскиот совет ќе бара дополнително мислење од антикорупциска за разрешувањето и именувањето судии, изјави претседателот Караџовски. Од понеделник ново работно време во судовите. Од 7 и 30 до 15 часот и 30 минути.

Судскиот совет чека мислење од Антикорупциска дали во предизборниот период може да разрешува или да ги потполнува празните места во судовите. Испратиле неколку дописи до Комисијата. Претседателот на Судскиот совет, Караџовски вели дека за разрешување судија треба комплетна постапка почнувајќи од повикување, можност за ангажирање адвокат, доставување докази и расправа, по што се донесува конечната одлука.
Караџовски информира дека во предизборниот период ќе има психолошко тестирање и интервјуирање на кандидатите за судии.
Што се однесува до одлуката на Управниот суд да симне имунитет на неколку судии, претседателот на Судскиот совет вели дека во оваа фаза, во која сѐ уште не е оценет обвинителниот акт, немало пречка да ја вршат функцијата. Доколку биде одобрен обвинителниот акт тогаш ќе има основано сомнение за кривично дело и ќе оди во рацете на Судечкиот совет.
На денешната седница, Советот донел одлука, од понеделник работното време во судовите да почнува од 7 и 30 и да трае до 15 часот и 30 минути.
Наташа Гркова- Петрушевска
