Извештаите за работата на УБК и АР на собраниска комисија
По летните одмори, пратениците се вратија во Законодавниот дом. Заседаваше Комисијата за надзор на работата на убк и агенцијата за разузнавање. Мнозинството побара детали за случувањата на 27-ми април и дипломатско разузнавачкиот случај со Србија...

Извештаите за работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање на затворена седница на матичната собраниска комисија. Претседателот на комисијата, Трајко Вељаноски образложи дека поради содржината на извештаите кои имаат класифицирани информации означени како државна тајна, седницата ќе биде зад затворена врата.
Од парламентарното мнозинство побараа од службите да им достават дополнителни информации за собраниските настани од 27-ми април и околу најновите случувања со Српската амбасада.
На седницата на комисијата присуствуваа директорите на Управата и на Агенцијата, Горан Николовски и Зоран Иванов.
Со денешната комисиска седница, почна работата на Собранието по годишниот одмор. Првата пленарка е в понеделник.
Игор Панов
