Два смртни случаи на Клиниката за детски болести

30.08.2017 15:57

Родителите на четиримесечното бебе се сомневаат во лекарска грешка. Од Клиниката објаснуваат дека доенчето било на интензивна нега во тешка здравствена состојба, со инфекција на белите дробови. За другото новороденче велат дека се родило со тешки здравствени компликации...

Четири месечно доенче почина на скопската Детска клиника. Пред два дена било хопситализирано со белодробна инфекција. Иако било приклучено на апарати, здравјето не му се подобрило, затоа што, како што појаснија лекарите, инфекцијата го потикнала мулти-малформацискиот синдром од кој боледувало бебето– слабо срце и оштетени бели дробови. Прогнозите да преживее биле мининални, затоа што со овој синдром, како што велат лекарите, бебињата не живеат повеќе од една година.

Мајката на бебето не зборуваше пред камерите. Рече се сомнева на лекарска грешка. Доенчето, како што наведе, тешко голтало и повеќе пати било лекувано на неонаталниот оддел.

Од Детската клиника информираа дека денеска починало уште едно новороденче, кое се родило вчера со тешки здравствени компликации.

Ова е осми случај на починато бебе во последните десетина дена. Претходно починаа бебиња на скопска Гинекологија, во Струга, и во Охрид.

 

Анита Димитријевска