Шефот на грчката дипломатија во посета на Македонија
31.08.2017 07:56
Во фокусот на разговорите ќе биде имплементацијата и проширувањето на мерките за градење доверба и најновите случувања во регионот...
Возвратна посета на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на Македонија. Ќе се сретне со неговиот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Коѕиас и Димитров ќе разговараат за мерките за градење доверба, билатералната соработка меѓу Македонија и Грција која треба да доведе до надминување на разликата околу името.
Шефот на грчката дипломатија ќе има средба со претседателот Иванов, со спикерот Џафери, премиерот Заев, со вицепремиерот Османи, како и со лидерите на партиите застапени во Собранието.
