Советот на јавни обвинители ќе расправа за оставката на Аневски

31.08.2017 10:20

Советот инаку работи со двајца членови помалку, кои треба да бидат избрани од Собранието.

Советот на јавните обвинители денеска ќе расправа за оставката на претседателот Петар Аневски, поднесена од лични и семејни причини. Советот инаку работи со двајца членови помалку, кои треба да бидат избрани од Собранието.

Треба да се пополнат местата на обвинителите, на пензионираниот Зоран Сулејманов и на Сашо Василевски кој беше именуван од владата за директор на МЕПСО.

Со Советот претседателствува заменикот на Аневски до изборот на нов претседател, доколку му биде констатирана оставката.