Протест пред МНР за заштита на името

31.08.2017 10:23

„Не ме викајте ФИРОМ, сме биле и ќе бидеме Македонци и Македонија“- е мотото на протестот.

Светскиот Македонски конгрес и Македонскиот манифест ќе протестираат пред Министерството за надворешни поради ставот на грчката влада кон Македонија. „Не ме викајте ФИРОМ, сме биле и ќе бидеме Македонци и Македонија“- е мотото на протестот.

Двете организации бараат крај на разговорите за државното име и негово прифаќање во Обединетите нации, согласно со македонскиот Устав.