Од утре двосменско работење во повеќе институции и во градинките

31.08.2017 10:34

Работното време во овие институции ќе биде од 7 до 14:30 часот и од 14 до 21:30 часот. Во една смена, од 8 до 16 часот, ќе се работи и првата сабота од месецот.

Од утре почнува двосменско работење во повеќе институции и во градинките. Според најавите на Владата, од 1-ви септември во две смени ќе работат Управата за јавни приходи, Царината, Управата за водење матични книги, МВР, Секторот за управно- надзорни работи, одделот за граѓански работи, одделенијата за одбрана на ресорното министерство.

Работното време во овие институции ќе биде од 7 до 14:30 часот и од 14 до 21:30 часот. Во една смена, од 8 до 16 часот, ќе се работи и првата сабота од месецот.

Од утре, втора смена се воведува и во градинките, кои ќе згрижуваат деца до 21 часот и 30 минути, а исто така, работна ќе биде и секоја прва сабота.