ВМРО-ДПМНЕ: Македонското здравство ги има најцрните денови во историјата
Партијата тврди дека македонското здравство ги има најцрните десетина дена во својата историја.

„Оставката на Таравари нема да ги врати загубените животи, но ќе биде некаква утеха за трагедиите“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Партијата тврди дека македонското здравство ги има најцрните десетина дена во својата историја.
„После секој случај на починато новороденче или дете, Таравари најавува формирање на комисија. Ефектот од комисиите е еднаков на нула. Дали некој памети кој е исходот од резултатот на работењето на комисијата која што го испитуваше случајот со трите починати новороденчиња. Не памти и не може да памти. Од едноставна причина што таа комисија е формирана за да се подзаборави случајот за на крај да се констатира дека немало лекарска грешка и дека здравствениот систем под водство на Таравари функционира перфектно“, изјави Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните, рече Стојаноска, со пρаво саκаат да знаат што се случува со здравствените институции и чекаат одговорност.
