Северна Кореја транспортира меѓуконтинентална балистичка ракета кон западниот брег
Во план е нова резолуција за зајакнување на санкциите кон Пјонгјанг. Кина, главниот сојузник од север, бара враќање на преговорите, а Швајцарија се понуди да посредува.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун „моли за војна“ што се докажува со последниот и најмоќниот нуклеарен тест, вели американскиот преставник во Обединетите Нации Ники Хејли.
На вонредниот состанок во Њујорк таа потенцира дека Соединетите Американски Држави не сакаат војна, но нивното трпение има граници. Во план е нова резолуција за зајакнување на санкциите кон Пјонгјанг. Кина, главниот сојузник од север, бара враќање на преговорите, а Швајцарија се понуди да посредува.
Во меѓувреме, јужнокорејски весник тврди дека Северна Кореја транспортира меѓуконтинентална балистичка ракета кон западното крајбрежје.
Тестирањето на ракетата веројатно ќе биде извршено на 9-ти септември за време на националниот празник - Денот на прогласувањето на Северна Кореја, се вели во написот. Пјонгјанг досега изврши 6 проби.
