Израел организира воена вежба на границата со Либан
05.09.2017 10:32
Во маневрите кои стартуваат идната недела ќе учестуваат илјада припадници на копнените, поморските и воздухопловните сили.
Израел се подготвува за најголемата воена вежба во последниве 20 години на границата со Либан, во момент на зголемени тензии со Иран и со Хезболах.
Во маневрите кои стартуваат идната недела ќе учестуваат илјада припадници на копнените, поморските и воздухопловните сили. Ќе се користи и повеќеслоен систем на изралеската противракетна одбрана.
Воената вежба трае до 14 септември.
