Антикорупционерите го одбија приговорот на Андонов
Антикорупционерите на денешната седница му го одбија приговорот на Оливер Андонов, поранешниот директор на Јавното претпријатие „Јасен“ дека бил незаконски разрешен. Решението за негово разрешување стапило во сила на 11 август. Тој се жали дека спротивно на Изборниот законик е разрешен за време на изборен процес...

Антикорупциската комисија го одби приговорот на Оливер Андонов, поранешниот директор на ЈП „Јасен“ дека бил незаконски разрешен. Според антикорупционерите одлуката за разрешување е донесена на 5-ти август, ден пред распишувањето на локалните избори. Разрешувањето било донесено од Управниот одбор на „Јасен“.
Андонов вели дека спротивно на Изборниот законик е разрешен за време на изборен процес, решението за негово разрешување стапило во сила на 11-ти август.
До Комисијата за спречување на корупција сѐ уште не се пристигнати одговори и документи за веќе отворените случаи за разрешувања, дисциплински постапки и откази по распишувањето на локалните избори 2017-та што е во спротивност со Изборниот законик.
Наташа Јанчиќ
