Промовирани 120 учебници за основно образование на Брајово писмо

05.09.2017 15:13

Учениците со оштетен вид ќе добијат пристап во свет што досега не им беше достапен. Промовирани се 120 учебници за основно образование на македонски и албански јазик, адаптирани и печатени на Брајово писмо. Целта е да им се помогне се стекнат со знаења и вештини кои се неопходни за активни и продуктивни граѓани.

Учениците со оштетен вид кои ќе ги читаат овие книги нема да губат време да препишуваат или да молат некој за да им диктира и да им прочита, како што јас го правев тоа- раскажува Беира Салифоска, поранешешен ученик во „Димитар Влахов“. Новите учебници со Брајово писмо, ќе им го направат подостапно образованието на лицата со оштетен вид. Салифоска со апел, вакви проекти да има се повеќе.

Процесот на приспособување, прегледување, печатење и лекторирање на учебниците на Брајаво писмо не завршува денеска, учебниците ќе се менуваат согласно со промените во наставните програми, вели директорот на проектот.

Проектот е поддржан од УСАИД и меѓународната фондација на Лајонес клубовите

Резултатите од проектот коишто денеска се промовираа значат унапредување на правото на образование, истакна министерката за образование и наука, Дескоска. Потенцира дека можноста за едуцирање треба да биде достапна за сите.

Учебниците на Брајово за децата со оштетен вид се за од прво до 9-то одделение на македонски и на албански јазик. Во рамките на проектот, досега се опремени пет ресурсни центри и се снимени аудиокниги.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска