Отчет за првите 100 дена

05.09.2017 16:30

Премиерот Заев и неговиот тим со отчет за сработеното во првите 100 дена. Економски развој, Македонија како пријател на сите соседи- дел од акцентираните резултати. Вели дека оваа Влада е на граѓаните и на нивните интереси. „Ги препознавме тие интереси и креираме најдобри решенија за нив“- рече Заев...

Зборот е збор, зборот е реалност- премиерот Заев и неговиот тим со отчет за сработеното во првите 100 дена. Враќање на парите кај граѓаните, економски развој, институции во служба на граѓаните, отворена и реформска влада, Македонија како пријател на сите соседи, пет принципи врз кои се темели нашата работа, посочи премиерот. Заев се осврна на договорот за добрососедство со Бугарија, на предлог законот за употреба на јазиците, кој го смета како последно отворено прашање од рамковниот договор, на аспирациите за членство во ЕУ и НАТО. Смета дека ланот 3-6-9 не враќа на брзата лента во евроинтеграциите. Дијалогот со Грција е врз принципиелни основи. Првиот министер во Владата очекува нови решенија за спорот со името.

Тајното го направивме јавно, истакна Заев во отчетот. При крај е стратегијата за реформи во правосудниот систем. Со ребалансот се скратија непродуктивните трошења. Обезбедени се 420 милиони денари за реализација на програми, вратени се милијарда и 245 милиони денара во фондот за здравствено осигурување, има за исплата на пензии и социјална помош, рече премиерот во делот на економијата. Ги потенцира и минималната плата од 12 илјади денари, поддршката од 9 милиони евра за нови вработувања и за малите и средните претпријатија, за туризмот, субвенциите за земјоделците, евтината тарифа на струјата.

Оваа влада е влада на граѓаните и на нивните интереси. Ги препознавме тие интереси и креираме најдобри решенија за нив, потенцира Заев. Додаде дека уште повеќе решенијата стануваат реалност, што ќе се преточат во мерки од полза на граѓаните.

 

Милчо Велески