Велика Британија: Нови санкции за Северна Кореја
06.09.2017 12:39
Џонсон ја повика меѓународната заедница да воведе нови санкции за Северна Кореја по најновите нуклеарни проби.
Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон ја повика меѓународната заедница да воведе нови санкции за Северна Кореја по најновите нуклеарни проби.
Додаде дека севернокорејскиот амбасадор во Британија бил повикан во Форин офис каде му била врачена формална протестна нота.
Пјонгјанг изврши шеста проба, најсилна досега, за која се тврди дека е хидрогенска бомба.