Владата ја усвои декларацијата за слободни и фер избори
Согласно декаларцијата, Владата им препорачува на сите носители на јавни и државни функции, како и вработените во органите на државната управа да ги преземат сите неопходни законски мерки, како и политички и институционални чекори, за да го гарантираат неприкосновеното избирачко право на секој граѓанин...

Владата ја усвои декларацијата за слободни и фер избори. Согласно декаларцијата, Владата им препорачува на сите носители на јавни и државни функции, како и вработените во органите на државната управа да ги преземат сите неопходни законски мерки, како и политички и институционални чекори, за да го гарантираат неприкосновеното избирачко право на секој граѓанин, и да обезбедат почитување на принципот на тајното гласање за да може гласачите слободно да гласаат, без страв или заплашување.
Правото на медиумите и на новинарите слободно и непречено да известуваат и да истражуваат, владата го поддржа со уште една мерка со која на медиумските работници им се овозможува право на бесплатно користење на услугите на централниот регистар и на агенцијата за катастар на недвижности, стои во сопштението од владината прес-служба.
На вчерашната седница, министрите ја разгледаа и ја усвоија информацијата со предлог- мерки за унапредување на состојбата на македонскиот јазик. На иницијатива на министерството за труд и социјална политика, владата ја усвои мерката за привремено вдомување на 33 семејства од ромска националност и го задолжи министерството да продолжи да бара можности за трајно вдомување на овие лица.
