САД: Нафтено ембарго за Северна Кореја
07.09.2017 09:58
Предлог резолуцијата е поддржана од Велика Британија и од Франција.
САД поднесоа предлог резолуција до Советот за безбедност На Обединети Нации во која бараат нафтено ембарго за Северна Кореја, стопирање на нејзиниот извоз на текстил и замрзнување на банкарските сметки на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун.
Предлог резолуцијата е поддржана од Велика Британија и од Франција. Вашингтон побара резолуцијата да биде усвоена следниот понеделник.