Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
Првопријавениот, во својство на министер во Владата на Република Македонија, од 2007-ма до 2010-та без одлука на Владата ја злоупотребил службената положба и два стана од т.н. Пензионерска зграда во Прилеп ги продал на две лица кои ги користеле со решенија на некогашните Сојуз на борци и Сојуз на пензионери.

Кривична пријава против четири лица за злоупотреба на службена положба и овластување поднесе Полициската станица- Прилеп до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Првопријавениот, во својство на министер во Владата на Република Македонија, од 2007-ма до 2010-та без одлука на Владата ја злоупотребил службената положба и два стана од т.н. Пензионерска зграда во Прилеп ги продал на две лица кои ги користеле со решенија на некогашните Сојуз на борци и Сојуз на пензионери.
Второпријавениот, инаку нотар, третопријавениот- поранешен државен правобранител и четвртопријавената актуелна државна правобранителка, не презеле мерки и не извршиле надзор за заштита на државниот имот со што е оштетен буџетот за околу 2,5 милиони денари.
