Собрание

Расправа за Законот за употреба на јазиците

07.09.2017 13:16

Законот е противуставен зашто матично тело е Комисијата за политички систем, оценуваат во ВМРО-ДПМНЕ. Собраниското мнозинство вели-албанскиот јазик со овој закон нема да е во сила на целата територија на Република Македонија.

Последен ден дебата за предлог- законот за употреба на јазиците во Комисијата за европски прашања. Законот е противуставен зашто матично тело е Комисијата за политички систем, оценуваат во ВМРО-ДПМНЕ. Собраниското мнозинство вели-албанскиот јазик со овој закон нема да е во сила на целата територија на Република Македонија.

Пратеникот Милошоски во процедурално барање пред Комисијата за европски прашања изрази незадоволство што оваа Комисија се злоупотребува за законот за употреба на јазиците и побара пауза од еден час за да може Комисијата за политички систем, како матично тело, предлогот да го стави на дневен ред и го прифати.

„Оваа Комисија не е матичното тело. Предлог законот треба да го разгледува Комисијата со која претседава Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ. Да го слушнеме неговото мислење и да го слушнеме мислењето од Комисијата за да може содржински да расправаме за тоа што Владата ни го наметнува и сака да го помине за три дена“, рече Милошоски.

Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби, потсети дека според член 60 од Деловникот за работа на Собранието претседателот на Собранието одредува кое е матичното тело и  го одби барањето на пратеникот Милошоски.