ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за Рашковски
Од партијата велат- пријавата е поткрепена со бројни докази. Именувал в.д. директори кои не ги исполнуваат законските основи да бидат наименувани...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за Драги Рашковски, кој како генерален секретар на владата ја злоупотребил својата службена позиција и овластување, тврдат во партијата. Велат пријавата е поткрепена со бројни докази. Именувал в.д. директори кои не ги исполнуваат законските основи да бидат наименувани.
„Кривичната пријава против Рашковски е поткрепена со бројни докази со кои ќе се соочи на суд. Рашковски во периодот од неговото назначување на функција па се до денот на распишување на изборите во неколку наврати организирал именување на в.д. директори, на лица кои не ги исполнуваат законските основи да бидат именувани, и лица кои не поседуваат соодветна писмена препорака од надлежен орган за места за кои тоа било потребно“, изјави истакна Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Рашковски до седница на влада доставувал некомплетна документација за предложените кандидати, а истата ги именувала без да бидат исполнети со закон предвидените критериуми. Именуваните в.д. директори, додаде Костовски, кои немале соодветна писмена препорака истата ја добивале денот по назначувањето и таа била заверена од страна на архива на владата post festum, со што исто така се вршело кривично дело.
