Коцијанчич: Претстојните избори се дел од очекувањата на Брисел за реформи во Македонија
Новата влада заедно со опозицијата треба да ги отстранат поделбите во општеството и да работат заедно на спроведување на итните реформски приоритети- вели Коцијанчич.

Претстојните избори се дел од очекувањата на Брисел за реформи во Македонија, потенцираше портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. Новата влада заедно со опозицијата треба да ги отстранат поделбите во општеството и да работат заедно на спроведување на итните реформски приоритети- вели Коцијанчич.
„Ние мислиме дека новата Влада заедно со опозицијата треба да ги отстранат поделбите во општеството и да работат заедно на спроведување на итните реформски приоритети, за Договорот од Пржино да ја врати земјата назад на патеката на евроатлантските интеграции. Ги поддржуваме напорите за реформите, и ова очигледно го вклучува и очекувањето кога станува збор за претстојните избори и за сите реформи кои беа многу јасно посочени“, изјави Коцијанчич.
