Кривична пријава за градоначалникот на Велес

11.09.2017 15:11

Поднесокот се однесува на прекршување на работата на Деловникот на општината, по барањето за итно враќање на доделување на недвижен имот од општина Велес на општина Чашка.

Кривична пријава за Славчо Чадиев, градоначалникот на Велес од Секторот за внатрешни работи Велес за злоупотреба на службената положба и овластувањето. Поднесокот се однесува на прекршување на работата на Деловникот на општината, по барањето за итно враќање на доделување на недвижен имот од општина Велес на општина Чашка.

Станува збор за синдикалното одморалиште во Горно Врановци кое во 2012 било запишано со имотен лист во велешката општина. Според СВР Велес, по две ургенции, точката била вратена од градоначалникот Чадиев на дневен ред на седницата на Општина Велес на која потоа имотот бил вратен во надлежност на Општина Чашка што потоа го огласила за продажба за сума од околу 500 илјади евра во денарска противвредност.