Усвоени измените на Изборниот законик, БЕСА ќе има член на ДИК

11.09.2017 16:28

За законот предложен од владејачкото мнозинство и опозицијата, гласаа 77 пратеници. Со измените се предвидува составот на ДИК да го одразува постоечкиот однос на партии во Собранието.

Собранието денеска ги изгласа измените во Изборниот законик со што се отвори можност за разрешување на еден од членовите на Државната изборна комисија и именување на претставник на движењето БЕСА.

За законот предложен од владејачкото мнозинство и опозицијата, гласаа 77 пратеници. Со измените се предвидува составот на ДИК да го одразува постоечкиот однос на партии во Собранието.

Измените регулираат по двајца претставници од најголемата владејачка партија, еден од втората, двајца од најголемата опозициска партија и еден од втората по големина опозициска партија.

По ова се очекува да следи разрешување на Бедредин Ибраими како член на ДИК предложен од ДПА.